Средба на градоначалникот Коцевски со заменикот на министерот за животна средина Макрадули
Значењето и придобивките за граѓаните на Општина Велес, кои произлегуваат како резултат од плодната соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање со Општина Велес, беа во фокусот на денешната работна средба на која градоначалникот Коцевски разговараше со заменикот на министерот на животна средина, г-дин Јани Макрадули.
Ставањето во функција на автоматска мониторинг станица Велес 2, лоцирана во клонот на детската градина Тунел, која е дел од официјалната државна мрежа , можностите за отворање на регионална депонија за управување со комунален отпад во Вардарскиот регион, и изградбата на пречистителна станица за третман на комунални отпадни води, како и постапката за издавање на A-интегрираната еколошка дозвола за инсталација Каменолом во населба Превалец, чиј оператор е Технопавер од Скопје, беа дел од актуелните и идни проекти на кои Општина Велес посветува големо внимание, со цел нивна реализација во најкраток рок за велешани да ги почуствуваат вистинските придобивки од истите.
“Чистата и здрава животна средина за сите граѓани на Општина Велес се поттик за секојдневната посветеност кон подобрувањето на истите”, истакна Коцевски.
Општина Велес и Министерството за животна средина и просторно планирање и во иднина ќе ја продолжат својата успешна соработа, а можностите за имплементирање на нови проекти за доброто на граѓаните продолжува со заеднички сили и взаемна поддршка.