Гувернерот на Ротари Интернационал Липец ја посети Општина Велес
Денес, градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, се сретна со г-дин Јанез Липец, гувернер на Дистрикт 1912 на Ротари Интернационал што опфаќа вкупно 69 клубови, 49 клубови од Словенија и 20 клубови од нашата земја.
На сердбата на која присуствуваа и претседателот и членови на Ротари Клуб Велес беше разговарано за теми од заеднички интерес, за соработката на локалната самоуправа со ротари клубовите, како и за помошта и поддршката што ротаријанците ја даваат на општината и на граѓани на кои поддршката им е најпотребна.