Велешани дебатираа за ефективни и ефикасни сообраќајни решенија во градот
Темите од областа на сообраќајот ги спои велешани со градоначалникот Коцевски и министрите Спасовски и Павлески.
Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски, заменик на министерот за локална самоуправа, г-дин Дејан Павлески и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски, одговараа на конкретни прашања од велешани поврзани со сообраќајот. На денешната дебата, организирана во просториите на Општина Велес, граѓаните, претставниците на приватните превозници, претставниците на такси компаниите, на авто школите, како и претставниците од јавните институции ги споделија своите идеи околу можните решенија за сообраќајниот метеж во градот, но и директно ги прашуваа присутните говорници.
Заменик министерот Павлески, во својот говор ги потсети велешани дека Општина Велес пред десетина години беше единствената општина во државата која не беше задолжена и имаше позитивно буџетско салдо.
Министерот Спасовски, пак, ја истакна лидерската позиција на Општина Велес за плановите и визиите кои ги има, но и интензивно спроведува, а се однесуваат кон подобрување не само на сообраќајот, туку и во изнаоѓањето на реални и квалитетни решенија за безбедноста во истиот. "Велес е водилка, пример, за сите нас. Сите ние, секој пешак, секој возач, е сериозно загрозен и бара безбедноста да му биде загарантирана и да е на високо ниво" рече Спасовски.
"Велес е познат како авангарден град по многу нешта.Верувам дека со овие иновативни решенија ќе се зголеми квалитетот на секој граѓани.н во Велес",порача Коцевски пред граѓаните.