Кружниот тек кај Спомен-костурницата доби нов лик
Општина Велес го уреди кружниот тек на влезот на Велес во близина на Спомен-костурницата со нов концепт на хортикултурно уредување.
По распишаната јавна набавка и изборот на приватен оператор за кратко време беше извршена реконструкција на површината, поставување на фолија, бордури и засадување на садници.
Кружниот тек е со нов лик и за неколку месеци со развојот на засадената вегетација граѓаните ќе може да ги видат вистинските резултатите од нашата работа.
Секоја сезона општината трошеше околу 200.000 денари за набавка на пролетен и есенски цветен расад и за одржување на зелената површина.
Со засадување на многугодишни декоративни садници и со лесното одржување (наводнување со временско вклучување на системот) на локацијата постигнавме трајно решение со кое овие трошоци драстично ќе се намалат и ќе се искористат за озеленување на други површини во општината.
Начинот на кој ја реализиравме оваа активност можете да го проследите на следното видео: