Основното училиште „ Блаже Конески “ ќе се реновира
Од вкупно 195 апликации на основните и средните училишта од 66 општини, ООУ „ Блаже Конески“ од Велес беше избрано меѓу двананасетте најуспешни училишта кои ќе добијат финансиска поддршка за реновирање на училиштето во вредност до 1.200.000 денари. Општина Велес одлучи да учествува со сопствено учество од 600.000 денари а училиштето со 30.000 денари за изведување на активностите.
Набрзо ќе се формира тим за реновирање на училиштата и капацитетите на овој тим ќе бидат зајакнувани преку специјално дизајнирани обуки.
Оваа aктивност е во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Компонента 3-Стимул за училиштата/Реновирање, во која учествуваат сите основни и средни училишта од сите општини во Република Северна Македонија.
Општина Велес се заблагодарува на УСАИД за континуираната поддршка која ја дава на Општина Велес