Општинската зграда енергетски ефикасна

Во зградата на Општина Велес комплетно се завршени активностите за вградување на котли на пелети.Во котларницата на објектот е демонтирана старата опрема (3 котли на јаглен со пропратна арматура), монтирани се 2 котли на пелети со потребната автоматика и пропратна арматура, како и систем за филтрирање на гасови од котлите.

Заради временските услови и грејната сезона, активностите се одвиваа етапно. При извршениот технички прием се утврди дека новопоставените котли беспрекорно функционираат. Истовремено со монтажата на опремата извршени и се потребните градежни активности во котларницата.
Котлите при воведување на идна гасификација може многу лесно да се пренаменат за користење на природен гас.

Со оваа активност општината потврдува дека секој субјект или поединец во Велес со личен пример може да се влијае на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух.
Средствата за реализација на мерката се обезбедени од буџетот на општината, во рамките на Програмата за заштита на животната средина и се во висина од 3.953.000,00 ден.