Граѓаните расправаа за отстранување на троската од депонијата кај Топилница
На денешната Јавна расправа по Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот “Експлоатација на техногена минерална суровина (тмс) на локалитетот ‘Баш Колиби’ (депонија на Топилница), се разговараше за влијанијата врз животната средина од активностите на црпење на суровината и мерките кои ќе се превземат за контрола на тие влијанија.
Активностите на отсранување ќе се извршуваат од страна на инвеститорот КЕПС МОНТ Груп, кој планира за четири години да врши утовар и транспорт на троската од локацијата и да ја извезе во Малезија.
Процесот на експлоатација е едноставен. Студијата предвидува голем број на мерки за начинот на експлоатација, а поради сеизмичката нестабилност на депонијата се предвбидуват и мерки за заштита на постројката за сепарација и заштита при утовар и транспорт. На расправата стана збор околу изборот помеѓу железнички и патен сообраќај со камиони и кој би бил најпогоднот начин на транспорт кој би предизвикал помало влијание врз животната средина. Со изборот на најефикасниот и најефективниот начин на отранување на троската, велешани конечно ќе се ослободат од долгодишниот наталожен проблем со т.н. Црн Рид кај Топилницата , кој има значително негивно влијание врз животната средина и здравјето на граѓаните.
Настанот го организираше Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија во соработка со Општина Велес.