Честитка од Градоначалникот Коцевски по повод Велигденските празници

 

Почитувани,

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните од сите заедници, на сограѓаните со православна вероисповед им го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден.

Со благодарност за Вашата поддршка и развојот на соживотот и сплотеноста во Велес, посакувам овој голем празник да ни донесе благосостојба во семејствата и многу придобивки во духот на меѓусебната почит, разбирање и заедничко делување за поубав и понапреден Велес за сите граѓани.

Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски