Подигнати нови зелени површини во Комплекс УЗУС

Оваа година Велес ќе добие нова парковска површина која се наоѓа во дворот на средното стручно училиште „Коле Неделковски“. Запуштениот простор кој е зад училиштето во изминатиов период интензивно се уредува и сега добива сосема нов лик.

На овој простор ќе се изгради нов парк со површина од 6000м2, кој ќе преставува место за одмор и рекреација за учениците на средното стручно училиште, а истовремено околу 2.000 жители на населбата Комплекс УЗУС ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време. Во завршна фаза се активностите за изградбата на пешачка патека во должина од 370 метри, внатрешни патеки со должина од 300 метри и осветлување со 20 канделабри, по што ќе следи поставување на урбаната опрема и подигнување на новото зеленило.

Покрај ова, во населбата Комплекс УЗУС е извршена и реконструкција на зеленилото кое со години не беше одржувано. Се изврши кроење и кастрење на неорганизираното зеленило, поставување на систем капка по капка и засадување на површините со трева.

Сите активности се предвидени согласно Програмата за подигнување на нови зелени површини за 2019 година и истите се од исклучителна важност за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, на амбинентниот воздух и заштитата на животната средина.