Во април исчистени 160 м3 отпад од јавните површини
Активностите на Општина Велес за чистење на јавните површини се интензивираа во изминатиов период. Освен редовното метење и миење на јавните површини, согласно Програмата за јавна чистота беа исчистени повеќе локации од отпад и тоа: индустриска зона Речани, пристапите кон црквите, како и десетици јавни површини во урбаната средина.
Пред првомајските празници беа исчистени и рекреативните места Езеро Младост и река Бабуна, као и две депонии во непосредна близина на градските гробишта во Раштани и брегот на реката Вардар на левата страна од градот на место викано УСКА. Од сите локации беа собрани 160м3 отпад кој е транспортиран и одложен на соодветна депонија.
Општина Велес и ЈКП „Дервен“ неуморно работат да се подобри состојбата со животната средина во градската средина. На терен е видливо дека и покрај сите апели, граѓаните продолжуваат да фрлат отпад на несоодветни места со што дополнително се влошува состојбата.
Општина Велес уште еднаш ги повикува граѓаните совесно да постапуваат со отпадот и на тој начин да придонесат за подобра хигиена во градот, бидејќи тој им припаѓа на сите граѓани и е нашата слика пред светот.