33. Седница на Советот на Општина Велес
Со вкупно 11 точки на Дневниот ред, на 8 мај годинава, Советот на Општина Велес ја одржа својата 33. седница. Покрај кварталниот извештај за периодот јануари март 2019 година, советот ги усвои одлуките за изменување и дополнување на Буџетот, програмата за изменување и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови за Велес, за 2019 година со што на барање на инвеститор ќе се овозможи изградба на нов хотелски комплекс на подрачјето на Општина Велес, во КО Караслари, под Чука.
Измената на програмата е во функција на развојот на туризмот во Велес и регионот. Советот одлучи да ја прифати и донацијата на компанијата „Пакомак“ ДОО-Скопје- 10 контејнери за пластичен отпад од 1,1 m3. Советот на Општина Велес ја усвои и одлуката за одобрување за користење на средства за финансирање на доспеани, а неплатени долгови на општината и образовните установи како и извештаите за финансиското работење на јавните претпријатија „Парк Спорт“, „Велес –гас“ и „Велес - паркинг“ за периодот јануари –март 2019 година.