Учениците креативно против насилниот екстремизам
На денешната креативна работилница во организација на здружението ЦИВИЛ насловена како „Заедниците против насилниот екстремизам“ триесетина ученици од основните и средните училишта денес во општинскиот ученички интернат „Лазар Лазаревски“ сликаа на теми „ Човекови права и слободи“ , „Мир и ненасилство“ , како и „ Мирно разрешување на конфликтите преку дијалог и разбирање“.
Во рамките на работилницата беа претставени и видео проекции во врска со овие теми . Сите учесници добија симболични награди и благодарници за учеството на овој настан. „Сите ние треба да сме чувари на редот и мирот, не само полициските служби. Вие учениците, како генерации на кои го оставаме ова општество треба да работите на подигнување на свеста, затоа што насилството не води до никаков резултат- истакна Верица Тодоровска Дацева, раководител на одделението за јавни дејности од Општина Велес. Работилницата е реализирана со поддршка на Општина Велес и е дел од проектот „ Заедниците против насилниот екстремизам кој здружението ЦИВИЛ го реализира со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје. Покрај Куманово, Гази Баба, Тетово и Општина Велес е една од општините каде се реализира овој проект.