Промовирана стихозбирката „Исконски дарувања" од Божидар Јовиќ
Во издание на издавачката куќа „Просветно дело", а со поддршка на Клубот на писатели "Коста С.Рацин", локалната библиотека Гоце Делчев и Општина Велес денес во Ликовниот салон беше промовирана новата стихозбирка " Исконски дарувања" од Божидар Јовиќ.
"Секој стих на Јовиќ претставува филозофска вистина која поетот му ја сервира на читателот со што го кани на размислување и видување", истакна Лила Арсова, книжевник од Велес која заедно со Јасмина Георѓиева е еден од промоторите на збирката. Настанот беше збогатен со настап на музичкото училиште, а стихови од збирката читаа ученички и ученици од Гимназијата "Кочо Рацин".