Посета на одбранбени аташеа од 11 земји во Велес

Членови на Асоцијацијата на одбрамбени аташеа акредитирани во Република Северна Македонија за 2019 година денес беа во посета на Велес и остварија протоколарна средба со градоначалникот Аце Коцевски.

Посетата се реализира согласно Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија со Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Северна Македонија.

Пред дваесетмината претставници од 11 различни земји, преку презентација на видеото за Паметен град Велес и прошетка низ општината гостите дознаа повеќе за културното богатство и историското минато на Велес.

Во рамки на посетата, гостите беа и во посета на касарната “Алексо Демниевски - Бауман”.