Акцијашите повторно во акција за чистење на езерото Младост

Здружението на граѓани "Акцијаш ветерани" од Велес, по петти пат денес на бреговите на езерото Младост, како и на локации во близина патот околу езерото, организираа доброволна еколошка акција за чистење.

Четириесетмина волонтери на здружението се вклучија во денешната еко акција. Во рамки на акцијата велешките ветерани организираа пикник на кој разговараа за организационите активности кои треба ова здружение да ги спроведе во наредниот период.

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски кој и самиот е член на ова здружение активно се вклучи во акцијата за почист Велес. 
"Ги повикуваме сите млади велешанки и велешани да се вклучуваат секогаш во акции слични на оваа и да придонесат за почист град", истакнаа преставниците на здружението.

Општина Велес ги поздравува и поддржува иницијативите на сите граѓански здруженија од овој вид кои имаат за цел да ја подигнат свеста кај населението за почиста животна средина и поубав изглед на градот.