Започна снимање на документарен филм за Ромите од Велес
Во рамки на проектот „Мапирање на разликите во домувањето за Роми”, кој е финансиран од средства од Европската Унија, претставници на Здружението „Ромски Деловен Информативен Центар - ЗРДИЦМ”, од Скопје, денес остварија средба со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.
Целта на проектот е снимање на краток документарен филм за животот на Ромите.
Во интервјуто кое го даде градоначалникот Коцевски тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваат Ромите во Велес, но и за решенијата и начинот на кои тие се разрешуваат. Коцевски продолжи и ги сподели информациите во врска со процесот на легализација на објектите во Општина Велес каде живеат граѓаните од ромската заедница, како и ја појасни соработката со општината во врска со теми поврзани за инфраструктурните прашања во населените места каде живеат сограѓаните Роми.
Покрај средбата со првиот човек на градот, претставниците на ЗРДИЦМ, остварија средби и со други јавни институции од градот.