Прием во Општина Велес по повод Рамазан Бајрам
По повод големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Аце Коцевски денес во просториите на Општина Велес приреди прием за претставнициte на Исламската верска заедница, претставниците на месните заедница каде живеат граѓани од исламската вероисповед
„ Велес е мултиентичка и мултиконфесионална средина. Во посакувам благосостојба, мир, радост и успех на сите полиња“ им порача Коцевски на сите присутни. Муфтијата Чоревски се заблагодари на приемот и ја поздрави можноста за оваа средба, која традиционално ја организира општината. „Не да помагаме само за Рамазан туку и во сите останати месеци. Ова се наши денови на духовност, обнова, ибадет и молба“-истакна велешкиот муфтија, г-дин Адем Чоревски.