Во чест на Рацин пеш до Лопушник

Утрово 16  планинари од Велес, Битола, Македонски брод, Скопје и Куманово пред споменикот на Рацин кај истоимената гимназијата во Велес го започнаа својот марш во чест на вонвременскиот великанот Кочо Рацин, една од најсветлите точки во поновата историја на македонскиот народ.

Маршот се организира по повод 76 години од неговото загинување на 13 јуни 1943 на Лопушник.

Маршот „ Цвеќе за Рацин“  од околу 160 км, ќе трае 6 дена и ќе заврши со положување на цвеќе и читање стихови од Бели Мугри на Лопушник, Кичевско, каде е местото на загинување на Рацин.  Маршот е поделен во 5 етапи, а рутата за првиот ден изнесува 32 км со пристигнување на групата до манастирот Пресвета Богородица во село Согле.

На 13 јуни (четврток) групата ќе ја пречека делегација од општина Велес на Лопушник. 

 

Овој марш го организираше  еколошката групација „ Грин Пауер„ во соработка со повеќе планинарски здруженија од државава, а е поддржан од Општина Велес и претставува дел до официјалната програма на овогодинешните Рацинови Средби.

 Повеќе информации за овој настан може да добиете на следниов линк