Обезбедени над 2 милиони евра за подобар живот на граѓаните

Градоначалникот Аце Коцевски денеска на прес конференција ја извести јавноста дека само за една година Општина Велес обезбедила над два милиони евра за реализација на проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во градот и населените места. Сумата за реализација на проекти конкретно изнесува 2.168.802 евра (132.948.631 денари), од кои 2.026.802 се обезбедени од домашни и меѓународни фондови.

Покрај проектот „Смарт езеро Младост“ вреден над еден милион евра и поддржан од ЕУ преку Светска Банка обезбедени се средства од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој за изградба на пат помеѓу селата Сливник и Бузалково, изградба на улици во село Сливник и асфалтирање на пристапниот пат до локалитетот „Пешти“. Обезбедени се и средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП за подобрување на инфраструктурата во градот за лицата со ограничена мобилност и поставување на лифт во општинската зграда.

Обезбедени се средства и од Бирото за регионален развој за изградба на водоводна линија во Индустриската зона Мамтчево. Од Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се средства за подготовка на техничка документација за проект за пречистителна станица во село Сливник, а од Владата преку Министерството за траспорт и врски, средства за изградба на патишта во Горно Оризари.

„Не памтам ова да се случило во општината. Ова се најголеми најголема суми на средства што од почетокот на децентрализацијата се донесени како проекти во општината од различни донатори и меѓународни програми. Јас лично, а верувам и сите граѓани треба да се гордееме со овој факт“, рече градоначалникот. Коцевски ја извести јавноста дека општината ќе продолжи со иста посветеност да работи на обезбедување средства за нови проекти во градот и населените места.

„Деновиве очекуваме одговор на апликацијата за асфалтирање на две улици во село Иванковци во вредност од 1.830.622 денари како и уште неколку значајни апликации за инфраструктурни проекти. Досега се издадени 136 налози за инфраструктурни зафати“, рече градоначалникот. Тој ја извести јавноста и за стартот на зонското паркирање што се очекува наесен, како и новите сообраќајни решенија на кои тековно се работи по подготовката на Планот за одржлива мобилност.

Сите одобрени проекти можете да ги видите во следнава табела: 

 

ПРОЕКТ

Вкупна сума

МКД

Учество на Општина Велес

Обезбедени средства од домашни и меѓунородни програми

1

„СМАРТ Езеро Младост- Прва иновативна туристичка атракција во Македонија“

Проект финансиран од ЕУ преку ИПА програмата, раководен од Светска банка (ЛРЦП)

61.972.091

5.049.000

55.505.755

2

Асфалтирање на постоечки земјен локален пат помеѓу селата Сливник и Бузалково - финансиран од АФПЗРР преку мерка 321 за рурален развој/ апликант Општина Велес

23.599.600

3.600.000

19.999.600

3

Изградба на патен правец С.Сливник - с.Бузалково - финансиран од АФПЗРР преку мерката 321 за рурален развој/ Апликант Центар за развој на Вардарскиот плански регион

12.230.553

1.865.678

10.364.875

4

Изградба на улици низ село Сливник во должина од 1 км - финансиран од АФПЗРР преку мерка 322 за рурален развој

8.310.563

1.267.713

7.042.850

5

Асфалтирање на постоечки земјен пат до локалитет пешти - финансиран од АФПЗРР преку мерка 323 за рурален развој

15.791.846.

2.408.926

13.382.920

6

Велес без бариери. Проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и  УНДП   со кој ќе се постави лифт во општинската зграда и ќе се нивелираат тротоарите на повеќе локации во градот со цел да се олесни пристапот до услуги и инфраструктура за лицата со ограничена мобилност

2.800.000

0

2.800.000

7

Водоводен систем во Индустриска зона Мамутчево финансиран од Бирото за регионален развој од Програмата за Рамномерен регионален развој за 2019 година

15.131.133

5.468.057

9.663.076

8

Изготвување на техничка документација Проект за пречистителна станица во село Сливник . Проект поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање

400.000

 0

400.000

9

Дополнителни средства од Светска банка-грант за добро спроведен проект  за реконструкција на кровот на ОСУ „Јовче Тесличков“

6.504.691

3.414.237

3.090.454

 

10

Изградба на локални  патишта  во село Горно Оризари. Средства обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт и врски. 

2.200.000

200.000

2.000.000