Решенија за пливачкиот базен и пазарот
„Конечно најдовме решение за градскиот пливачки базен. За секој случај ние издвоивме од буџетот 4,5 милиони денари за негово оспособување за оваа сезона“ изјави денеска градоначалникот Аце Коцевски. „Паралелно се одвива јавниот повик за повикување на поединци или фирми заинтересирани за управување со базенот. Доколку склучиме договор овие 4,5 милиони ќе ги намениме за други поважни работи, доколку не склучиме договор, брзо ќе преминеме кон искористуваање на средствата за да може базенот да се оспособи за преостанатиот дел од летнта сезона, рече градоначалникот.
На денешната прес-конференција, тој ги информираше граѓаните за решенијата за реконструкција на градскиот пазар. „Работиме на проектот за реконструкција на градскиот пазар. Има неколку компании кои се заинтересирани за јавно –приватно партнерство. Очекуваме до крајот на наредната недела да ги добиеме конечните нивни ставови. Доколку не се изајде партнер од бизнис заедницата, општината ќе го искористи правото на задолжување.
Доколку се најде партнер за реконструкција на градскиот пазар и изведба на деловен трговски објект на таа локација, средствата од задолжувањето ќе се искористат за изградба на катна гаража од траен карактер која ќе биде лоцирана во близина на бифе „Хајдук“, рече Коцевски. Тој најави нови решенија и за сообраќајот, користење на електромобили или возила со еколошки горива за јавниот превоз, повеќе линии за јавен превоз, еднонасочно одвивање на сообраќајот на одредени сообраќајници и други решенија што ќе бидат во корист на граѓаните. „Ги поканувам сите граѓани со својата поддршка да се вклучат во процесите што ги отвораме и да бидат дел од создавањето на подобар и поубав Велес за нас и за нашите деца“, рече Коцевски.