Општина Велес меѓу најтранспарентните во државата
Општина Велес е повторно се најде помеѓу десетте институции во државата со најдобри резултати во областа на активната транспарентност заедно со Владата, Министерствата за земјоделство, одбрана, МОН, МВР, МЛС општините Битола, Гевгелија, Кавадарци, Берово и Охрид. Оваа информација денеска ја соопшти градоначалникот Аце Коцевски.
„Во моментов работиме на новата веб страница на општината со чии содржини верувам дека повторно ќе се искачиме на самиот врв на табелата на активна транспарентност која секоја година ја подготвува Центарот за граѓански комуникации“, рече Коцевски. Градоначалникот ја информираше јавноста дека во моментов се ревидира соработката со граѓанскиот сектор.
Тој изрази надеж дека општината ќе создаде услови Велес повторно да стане лидер во државата во соработката со граѓанските организации како двигатели на одржливиот развој.Градоначалникот ги покани сите граѓани со свои идеи, предлози и конструктивни забелешки да продолжат да соработуваат со Општина Велес затоа што општината постои и работи за граѓаните.