Одржан вториот управувачки комитет за проектот РОМААКТЕД
Претставници на Општина Велес денес учествуваа на седница на управувачкиот комитет на проектот Ромаактед/RomaActed кој е финансиран од страна на Европската Унија, а реализиран од страна на Советот на Европа.
На локално ниво проектот го спроведува "Асоцијацијата Сонце" од Тетово која се фокусира на развојот на демократските капацитети. Регионалниот проект RomaActed започна да се реализира во март минатата година и предвидува активности за зајакнување на капацитетите и условите за живот на припадниците на ромската заедница на Балканот.
Во нашата држава тој се спроведува во 12 општини меѓу кои и Општина Велес,која активно се вклучи во реализацијата на поголем број на активности кои ќе обезбедат подобар живот за Ромите во Велес.