Еден понудувач заинтересиран за закуп на градскиот базен
На 18 јуни годинава, во Општина Велес се одржа електронско јавно наддавање за закуп на Градскиот базен во сопственост на Општина Велес.
На наддавањето се јави еден понудувач. Постигната е цена од 61.000 денари месечна закупнина. Според условите, понудувачот ќе може да го користи базенот во период до три години. Идентитетот на понудувачот ќе и биде познат на јавноста по завршувањето на целата постапка.