Презентирани чекорите за развој на македонски туристички дестинации
Во просториите на Општина Велес денес се одржа работен состанок на која претставници од Проектот за локална и регионална конкурентност, пред присутните претставници на туристичката заедница од градот, на невладиниот сектор, на Вардарскиот плански регион и на Општина Велес го презентираа процесот на консултации за формирање на организација за управување со дестинации во државава.
Во идниот период ќе се основа Основна група на засегнати страни која активно ќе се вклучи во овој процес.
Велес како дел од Тиквешката туристичка дестинација, благодарение на својата местоположба и поради близината на автопатот Е75 низ кој поминуваат милиони туристи секоја година, има неискористени потенцијали за да стане најзначајната транзитна туристичка дестинација во државата.Во оваа насока, Велес веќе има обезбедено финансиски средства во висина над еден милион евра од Европската Унија, преку ЛРЦП Програмата на Светска Банка за реализација на проектот „Смарт Езеро Младост,- прва туристичка артракција, кој е во почетна фаза на реализација.