36 седница на Советот- Обезбедени средства за 5 инфраструктурни проекти

Со 24 точки на дневен ред, на 18 јуни годинава Советот на Општина Велес ја одржа својата 36. Седница.

Во фокусот на седницата беа програмите за измени идополнувања на сите програми за активностите на општината во 2019 година со цел да се обезбедат средства за учество во 5 значајни проекти.

Со усвојување на измените Советот на Општина Велес обезбеди околу 14.200.000 денари за учество во одобрените проекти за креирање на првата иновативна туристичка атракција во државата „Смарт езеро младост“ финасиран од ЕУ и спроведуван од Светска банка како и 4 проекти финнасирани од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Со реализацијата на проектите покрај развојот на езерото Младост ќе биде изграден асфалтен пат помеѓу селата Сливник и Бузалково во должина од  3.380 метри со првиот проект и дополнителни 881 метар асфалтен пат со вториот проект во мерката 3.2.1.

Дополнително со мерката 3.2.2 ќе бидат изградени 1000 метри улици во село Сливник, а со мерката 3.2.3 ќе биде асфалтиран постоечкиот земјен пат до локалитетот Пешти.

Вкупната вредност на одобрените средства од меѓународни фондови за реализација на петте проекти е 53.590.245 денари.