Започна ВЕЛЕС ФЕСТ-камерен концерт на врвни руски солисти во Велес
Во рамки на велешкото културно лето „Велес Фест”, во организација на Руската државна агенција Россотрудничество, Амбасадата на Русија и со поддршка на Општина Велес, во просториите на општинската зграда, денес се одржа камерен концерт на еминентни руски солисти насловен како „Амбасада на мајсторството”.
Ана Грот (20), Камил Мухаметдинов (23) и Алексеј Савинков (20), се врвни млади солисти, лауреати на интернационални натпревари и добитници на највисоките музички признанија во своите области во Русија и светот, членови на престижната Музичка куќа на Санкт Петербург од Русија. Пред велешката публика тие се претставија со дела од Ј. С. Бах, Ф. Лист, Е. Боца, П. И. Чајковски, А. Скрјабин и Ф. Пуленк.
Во текот на вчерашниот ден битолската публика имаше можност да ужива во врвните избедби на овие дела а утре руските солисти ќе се престават и во Скопје.
Музичката куќа "Санкт-Петербург" е основана во февруари 2006 година по иницијатива на руското министерство за култура, кое ја промовира класичната музика. Музичката куќа "Санкт Петербург" е сместена во уникатното архитектонско здание, Палатата на големиот војвода Алексеј Александрович, (брат на царот Александар III), доделена од страна на руската влада, каде настапуваат членовите на оваа музичка куќа.