За прв пат во Велес – Скулпторска колонија
Во Велес, за прв пат оваа година, по иницијатива на градоначалникот Коцевски, се организира скулпторска колонија во времетраење од четиринаесет денови.
Во периодот од 24 јуни до 7 јули 2019 година, шест уметници, скулптори од државата и странство ќе бидат дел од првата меѓународна скулпторска колонија. Горан Ѓорев (Демир Капија), Горан Стаменков (Скопје), Илчо Стојановски (Велес), Весела Стаменова (Софија, Бугарија), Павел Василев (Софија, Бугарија) и Никола Ненадиќ (Риека, Хрватска) за време на својот престој во Велес, ќе изработуваат скулптури во мермер односно старо железо кои ќе бидат во сопственост на Општина Велес.
Градоначалникот Коцевски денес организираше свечен прием за учесниците на колонијата во просториите на Општина Велес, а со тоа и официјално беше означен почетокот на истата.
По завршувањето на скулпторската колонија, сите изработени уметнички дела ќе бидат поставени на повеќе јавни површини во градот.
Склупторите ќе творат во „Пескара Вел”, која отстапи свои простории за потребите на колонијата. Колонијата финансиски е поддржана од Мнистерството за култура, а се реализира во соработка со фондација „Фокус” од Велес.