Поставени 19 контејнери за селектиран отпад
Општина Велес постави 10 контејнери од 1,1 m3 во жолта боја на јавни површини со што и официјално ја започна примарната селекција за граѓаните од колективно домување, трговските објекти и други правни субјекти. Донацијата обезбедена од колективниот постапувач ПАКОМАК е со вредност од 86.942,00 денари.
Со учество од буџетот во висина од 100.000 денари, општината постави и 9 мрежести контејнери за ПЕТ амбалажа на јавните површини. Активностите се реализирани во партнерство со ЕД „Вила Зора“. Со ова се врши проширување на примарната селекција која досега се спроведуваше кај 30% од индивидуалните домаќинства во општината.
Собирањето и транспортирањето на селектираниот отпад го превзема ЈКП „Дервен“ кој е овластен оператор за отпад од пакување на територијата на општината.
Листата на локации со поставените контејнери е дадена во следната табела:
Локација на контејнери од 1,1 m3 во жолта боја |
Број |
Локација на метални мрежести садови |
Број |
ул. „Благој Ѓорев“ - спроти Нов Театар |
1 |
Социјални згради населбаТунел |
1 |
ул. „Благој Ѓорев“ - спроти поранешен Офицерски дом |
1 |
ул. „Благој Ѓорев“ - пиљара Севдин |
1 |
ул. „Благој Ѓорев“ - пред поранешно кино |
1 |
ул. „Благој Ѓорев“ - Спроти влез во касарна Бауман |
1 |
ул. „Христо Татарчев“ - пред училиште Васил Главинов |
2 |
ул. „Благој Ѓорев“ - Под Меаната на Даце |
1 |
ул. „Алексо Демниевски“ - спроти Пошта |
1 |
ул. „Васил Главинов“
|
1 |
ул.„Алексо Демниевски“ - на паркинг спроти библиотека Бели мугри |
1 |
ул. „Нада Бутникошарева“ - Голем пазар горен дел |
1 |
ул. „Архиепископ Михаил“ пред влез во ресторан Интернационал |
1 |
ул. „Благој Нечев“ - ХИВ зграда |
1 |
ул.„Димитар Влахов“ - поранешен Скопски импрес |
1 |
ул. „Лазо Осмаков“ - спроти Хигиенски |
1 |
Паркинг - поранешен „Сако Трејд“ |
1 |
ул. „Димитар Влахов“ - зад Биро за вработување |
1 |
Општина Велес апелира до граѓаните активно да се вклучат во заштитата на животната средина со селектирање на отпадот според намената на поставените контејнери.