Одбележани 18 години од смртта на Оливер Китановски

Денес во Башино Село беа одбележани 18 години од смртта на младиот Оливер Китановски, припадник на единицата за специјални задачи "Тигар".

Почит на прерано загинатиот бранител на неговото спомен- обележје и вечно почивалиште му изразија делегации од Општина Велес, Унија на млади сили, неговите колеги од специјалната единица „Тигар“ како и претставниците на здружението на бранители ,учесници во воениот конфликт во 2001-2002 година. По петдневна борба за живот на скопските клиники, 21 годишниот Оливер или Орце Млекото како што го нарекуваа најблиските, им подлегна на раните од акцијата кај Арачиново недалеку од Скопје. Китановски постхумно е одликуван со Медал за храброст, кој се доделува за искажана храброст во воено-безбедносни операции и ситуации. Во негова чест две улици во Општина Велес го носат неговото име.