Градскиот базен наскоро во функција
Компанијата „ПН-МП Тренд ДООЕЛ“ од Велес чиј управител е Наташа Петковска во наредниот период ќе го користи Градскиот базен во Велес, соопшти денеска градоначалникот Аце Коцевски. Компанијата ќе го користи базенот во наредните 3 години за месечен надоместок од 61.000 денари плус ДДВ, цена постигната на јавното наддавање.
„Јас сум многу пријатно изненаден и упатувам јавна пофалба за фирмата за тоа што што го направи за многу краток период. Очекуваме за многу кратко време базенот да почне да работи. Како што информираше градоначалникот, базенот е префарбан, потпрена е кострукцијата за да биде безбеден, а во моментов се работи на замена на електриката и кородираната машинска опрема“. Како што соопшти Коцевски истовремено општината работи на пробивање на новиот канал за евакуирање на водите од базенот до реката Вардар. Градоначалникот рече дека очекува работите да завршат многу брзо на општо задоволство на сите граѓани.
Тој информираше дека општината одлучила дефинитивно локацијата на новиот школски затворен базен да биде на влезот на постоечкиот градски базен. Проектот е на владата и ќе се реализира преку Агенцијата за млади и спорт. Коцевски напомена дека првичната замисла за најсоодветна локација била кругот на училиштето „Васил Главинов“, но поради неможноста да се добие одобрување од Министерството за образование и наука, општината се одлучила за реализација на проектот во непосредната околина на постоечкиот градски базен.