Детскиот хор „Св. Кирил и Методиj“ настапи во Чанаккале, Турција
Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј” од Велес под раководство на проф. Веселинка Маџарова во периодот од 2 до 7 јули 2019 година, учествуваше на петтиот меѓународен Фестивал на културата во Чанаккале, Република Турција.
Петта година по ред овој меѓународен фестивал предизвикува голем интерес и истиот е пренесуван од страна на многу медиуми, како и од страна на турската национална телевизија. Оваа година учество земаа 44 хорови, претставници од единаесет држави. Фестивалот е поддржан од разни музички здруженија, а министерството за култура и образование на Република Турција секоја година обезбедува финансиски средства за негово одржување. Општина Велес исто така даде поддршка за учеството на младите хористи од Велес.
„Беше напорно, но убаво е чувството кога младите велешани имаат можност да се претстават надвор од нашите граници. Атмосфера која може само да се посака” истакна диригентот Маџарова, задоволна од настапот на својот хор,Маџарова. Фестивалот свечено го отвори Градоначалникот на Чанаккале, Улуѓур Ѓокхан.