Заврши дистрибуцијата на канти за отпад за 2019 година
Во согласност со Планот за 2019 година ,Општина Велес набави 1380 канти за отпад. Набавката се спроведе со средства од буџетот на Општина Велес од Програмата за заштита на животна средина во вкупен износ од 1.213.000,00 ден.
Домаќинствата од улиците „Коле Цветков“, „Живко Фирфов“, „Шефки Сали„, „Боге Николов“, „Орце Шутев“, „Васил Иљоски“, „Стеван Бобевски“, „Хаџи Косте“, „Трајко Митев“, и населбата „Порцеланка“ добија 2 вида канти – зелена за комунален отпад и жолта за селектиран отпад.
Жителите на улиците „Благој Абрашев“, „Никола Оровчанец“, „Трајко Панов“, „Ѓоре Органџиев“, „Кукушка“, „Страшо Пинџур“, „Благој Нечев“ и „Вера Циривири“ кои претходните години добија зелена канта, оваа година добија жолта канта и ја започнаа примарната селекција на отпад кој може да се рециклира.
Жителите од населбата „Превалец“ од улиците „Ристо Попов“, „Јордан Јорданов“, „Шефки Муратов“ и жителите од Горно Оризари од улиците „Првомајска“, „Нонча Камишова“ и „Партизанска“ добија зелени канти за комунален отпад.
Комуналниот отпад се собира два пати седмично по однапред утврден распоред – реонизација на градот, а селектираниот отпад се собира во сабота, од 08.00-12.00 часот, во 2 реони по организиран распоред, за што граѓаните се уредно известени преку сметките за комунални услуги.
Општина Велес ги известува граѓаните дека се должни отпадот да го изнесуваат во добиените стандардизирани садови, а не во кофи и кеси.
Општина Велес апелира до граѓаните совесно да постапуваат со отпадот и да дадат свој личен придонес во селекцијата на отпад. Граѓаните треба да го почитуваат времето на изнесување на отпадот, локациите за складирање и да се грижат за јавната чистота.
Целта убав и уреден Велес за сите генерации може да се оствари единствено со активно учество на граѓаните.
Затоа е многу важно сите граѓани да придонесат за развојот на навиките за совесно посапување и селекција на отпадот.