Коцевски и Милевски во посета на с. Мамутчево
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, денес беа во посета на с. Мамутчево, Велес каде остварија увид во градежните работи на резервоарот за водоснабдителниот систем за Индустриската зона „Мамутчево”.
Според договорот за изведување, предвидено е проектот да биде поделен во две фази. „Првата фаза е веќе во тек, а вкупните финансиски средства изнесуваат 8 702 499 денари, од кои преку Бирото за регионален развој и министерството за локална самоуправа се обезбедени 6 952 714 денари, додека пак Општина Велес од сопствени средства учествува со 1 749 785 денари” рече Коцевски. Тој го најави и почетокот на втората фаза од проектот кој предвидува поврзување на Индустриската зона „Мамутчево” со резервоарот и со тоа водоснабдителниот систем ќе биде комплетно завршен. Вкупниот буџет за втората фаза изнесува 12 624 853 денари. Преку министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој се обезбедени 7 156 796 денари, а Општина Велес учествува со сопствени средства во износ од 5 468 057 денари.
„Со подобрување на водоснабдителниот систем и со поддршката која ја дава министерството за локална самоуправа ќе се овозможи поголем поттик за инвеститорите да инвестираат во оваа Индустриска зона”, истакна новоизбраниот министер за локална самоуправа, чија прва официјална посета на терен е токму Општина Велес.