Фолклористите на средба со градоначалникот Коцевски
Во просториите на Општина Велес, денес, градоначалникот Коцевски приреди официјален прием за претставниците на фолклорните друштва кои се дел од шеснаесеттото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2019”. Покрај градоначалникот на Општина Велес, гостите ги пречекаа и членовите на Организациониот одбор на фестивалот.
Делегациите на фолклорните ансамбли од Република Турција (ФА ХЕМ), Бугарија (ФА Морава), Италија-Сардинија (ФА Санта Луција) и Хрватска (ФА Младост) ги пренесоа своите впечатоци од досегашниот престој во Велес и им се заблагодарија на организаторите за гостопримството и можноста да се претстават пред многубројната публика во градот домаќин.
Градоначалникот Коцевски, во свое лично име, но и во име на Советот на Општина Велес, ја искажа благодарноста за прифаќањето на поканата за учество на 16. Фолклорен фестивал и го потенцираше фактот што преку својот фолклор и позитивна енергија, секоја година талентираните играорци докажуваат дека се најмоќните амбасадори на своите земји и промотори на својата култура и традиција.
Коцевски ја изрази и својата благодарност до членовите и претседателот на Организацискиот одбор на Фестивалот, како и на волонтерите кои несебично помогнаа во придружувањето на делагцзите од државите учеснички, но и во грижата за непречено спроведување на сите активности од програма. Велешани и вечерва ќе можат да уживаат во звуците на фолклорот од земјите учеснички во 20:30 часот. Фестивалот ќе биде затворен утревечер, сабота 7ми јули.