Информативна средба за развојните фази на ЈПВ „Лисиче“ - Велес
Градоначалникот Аце Коцевски денеска оствари информативна средба со претставници на Германската развојна банка KFW, Министерството за земјоделство, консултантската компанија „Пропоинт“ од Скопје, и претставници на ЈПВ „Лисиче“- Велес.
Целта на средбата беше присутните инвеститори и стручни лица да го информираат градоначалникот за можностите за инвестирање во реализацијата на проектот за наводнување и енергетско искористување на ЈПВ „Лисиче“- Велес. Физибилити студијата за втората и третата фаза од развојот на ЈПВ "Лисиче"- Велес т.е. наводнување и енергетско искористување на хидросистемот ја изготвува консултантската компанија „Пропоинт“ од Скопје. На средбата беа разгледани опциите за иплементација на физибилити студијата. Фазата 2 и 3 од развојот на ХС „Лисиче“ ќе се реализираат преку Владата на РСМ.