Коцевски на средба со министерот Бајрам

Градоначалникот Коцевски денес оствари средба со Музафер Бајрам, министер без ресор задолжен за имплементација на стратегијата за подобрување на состојбата на ромите.

Подобрувањето на квалитетот на живот, еднаквите можности, предизвиците со кои се соочува ромското население во Велес и државата, но и решенијата за истите, беа во фокусот на средбата.

Водејќи се од принципот на еднаквост, Коцевски ги потенцираше заложбите на Општина Велес за зајакнување на учеството на граѓаните Роми во сите процеси на одлучување во општината со цел подобар и поквалитетен живот за сите граѓанки и граѓани.

Според статистичките податоци од последниот спроведен попис, во Велес живеат околу осумстотини Роми.