Одбележани 68 години од смртта на Панко Брашнаров

Градоначалникот Коцевски и делегација од Советот на Општина Велес, денес положија свежо цвеќе на спомен обележјата на Панко Брашнаров со што ја одбележаа 68годишнината од смртта на народниот учител од Велес.

Панко Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Брашнаров е еден од најголемите македонски револуционери, учител, идеолог и прв потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ и член на АВНОЈ.

Починува во Хрватска на островот Голи Оток на 13 јули 1951 година.