Почит за Андреја Дамјанов
Денес се одбележа 206 годишнинатa од раѓањето и 141 годинa од смртта на големиот градител, велешанецот Андреја Дамјанов.
Делегација на Општина Велес му оддаде почит на Дамјанов во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон” и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на големиот мајстор во Велес.
Андреја Дамјанов е роден во 1813 година во с. Папрадиште, велешко, во семејство на познати мијачки градители. Заедно со своите браќа, Андреја градел цркви во повеќе држави на Балканот. Неговите сакрални објекти се карактеризираат како врвни архитектонски дела, со добра акустика. Токму таква е изградбата на црквата посветена на Свети Пантелејмон, светецот заштитник на Велес, а архитектите ја препознаваат по изразот „македонска миланска скала”.