Во тек реализација на инфраструктурни проекти

Во текот на овој месец Општина Велес спроведува неколку инфраструктурни зафати на повеќе локации во градот за подобрување на инфраструктурната мрежа.

Во моментот се изведуваат градежни работи за реконструкција на оштетен крак на фекалната канализација во населеното место Превалец со што ќе се спречи понатамошно истекување на фекалиите во околината.


Од денес започнаа градежните работи во подрачното училиште на ООУ „Васил Главинов” во населба Превалец каде во тек е изведба на преграден ѕид на една просторија. Според планот на изведба, предвидено е градежните работи да завршат во рок од две седмици. По поделбата на просторијата ќе се добијат две нови училници со подобрени услови за работа, со што ќе се овозможи одвивање на наставната програма во една смена.


Завршени се градежните работи за изработка на испусната канализација за празнење на градскиот базен во должина од околу 200 метри. Завршена е и изведбата на четири шахти со различна длабочина од 1,5 метри до 5 метри, со што се овозможи функционалност и безбедно користење на базенот од страна на капачите.