Државниот првак во училишен ракомет од Велес се подговува за Сараево
Училишниот ракометен спортски клуб на „Васил Главинов“ – Велес кој во мај годинава го освои првото место на Државната лига во ракомет во машка конкуренција за основни училишта деновиве се подготвува за учество на Балканските училишни игри кои ќе се одржат во Сараево од 3 до 7 август 2019.
Успехот на младите ракометари е најдобра промоција на ракометот како препознатлив спортски бренд на Велес.
Општина Велес ќе продолжи да го поддржува училишниот спорт и да ги промовира резултатите на младите генерации спортисти во интерес на негувањето на спортските традиции и здравјето кај децата и младите. Општина Велес ги поканува сите граѓани, љубители на спортот, особено ракометот, да им ја дадат својата поддршка и да ги бодрат младите ракометари на Балканските спортски игри.