Обука на општинската администрација за помош на патишта
Општинската Организација на Црвен крст - Велес, во просториите на Општина Велес, денес одржа обука за прва помош на патишта наменета за вработените во општинската администрација.
Од 15 јули годинава, Општинската Организација на Црвен крст започна кампања за етаблирање на националната организација како лидер во давање на прва помош на државно ниво. Црвен крст е хуманитарна организација која работи на унапредување и заштита на здравјето на граѓаните. Еден од аспектите кои Црвен крст ги покрива е и првата помош.