Дополнителни мерки за превенција од детско претстапништво
Локалниот совет за превенција од детско престапништво на Општина Велес, денес во просториите во Општина Велес одржа седница на која покрај членовите на Советот присуствуваа и преставниците од МВР – СВР Велес, Орце Коцевски - командир на полициската станица, и Иса Лимани- командир на Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај.
На седницата беа разгледани предлози за дополнителни мерки за заштита на јавниот ред и мир. Иницијативата за дополнителни мерки се должи на појавата на нарушување на јавниот ред и мир од страна на малолетни лица на јавни места во ноќните часови, недозволена консумација на алкохол во кафулињата и недолично однесување.
Општина Велес и Локалниот совет за превенција од детско претстапништво апелираат до родителите да преземат соодветни мерки за превенција на овие негативни појави кај децата и младите карактеристични за летниот период.