Иванковци ќе добие улица, официјално потпишан договорот

Денес на свечена церемонија во Владата на Република Северна Македонија, градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи го потпишаа  договорот за реализација на проект за уредување на улица во с. Иванковци.

Учеството на Владата преку Бирото за регионален развој изнесува 632 458 денари. Со исто толку средства, во реализацијата на проектот ќе учествува и Општина Велес.

На свечената церемонија присуствуваа и Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања  и Претседател на Советот за рамномерен регионален развој  Кочо Анѓушев, Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески.

По реализираното бетонирање на три улици во изминатитиот период, овој проект ќе обезбеди континуитет во подобрувањето на патната инфраструктура во селото. Со него Иванковци ќе добие бетонирана улица во должина од 190 м, во вкупна вредност од околу 1.300.000 денари. Проектот ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот во Иванковци