Граѓаните ги започнаа изборите во урбаните заедници

На 18 и 19 јули 2019 година започна процесот за избор на членови на Советите на урбаните заедници. Граѓаните по свој избор на демократски начин, во присуство на тимови од Општина Велес избираат членови и претседатели на урбаните заедници. 

Во наредните четири години новоизбраните раководства ќе имаат задача да ги истакнат потребите на граѓаните и преку директна комуникација со општинската администрација ќе се обидат да изнајдат соодветни решенија. Воедно урбаните заедници ќе имаат можност да ја зајакнат својата улога во одржлиот развој на Велес.

Општина Велес упатува јавен повик до сите граѓани за присуство на закажаните собири да го искористат своето граѓанско право при изборот на новите состави на Советите на урбаните заедници. Ги известуваме граѓаните на оние урбани заедници каде не беа исполнети условите за избор на Советите дека повторно ќе се одржи собирот, а терминот дополнително ќе биде утврден.

Информација за изборот на членови на Совети на месните заедници пак, ќе биде дополнително и навремено соопштена преку јавните гласила.