Велешани со голем интерес за проектот „МојДДВ”
Караванот за промоција на проектот „МојДДВ” пристигна и во Велес. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес се приклучи во афирмација на проектот „МојДДВ”.
Со купување на производи и скенирање на бар кодот на сметката, во маркетот „Жито Ване” во населба Тунел, Коцевски ја промовираше идејата и целта на самиот проект. „Денес се приклучив кон оваа акција со цел да ги повикам моите сограѓанки и сограѓани и да ги поттикнам во користењето на апликацијата ‘МојДДВ’. Апликацијата овозможува на крајот од годината секој потрошувач да добие поврат на средства, а истовремено придонесува кон намалување на сивата економија, што е добро за сите.Овој проект значи и повеќе пари за општините",изјави градоначалникот на Општина Велес. Исто така Коцевски информираше дека оваа Влада е единствената Влада која се одлучи да враќа пари на граѓаните. До 17 јули скенирани се над 3 500 000 фискални сметки, што го потврдува големиот интерес кај граѓаните за користење на оваа апликација.
Условите за поврат на 15% од данокот на додадена вредност се следни: корисникот да е постар од 15 години, да поседува документ за лична идентификација, да поседува трансакциска сметка и да е најавен на системот на УЈП „Е-Персонален данок“. За користење на апликацијата неопходен е паметен телефон.
Управата за јавни приходи за поддршка на процесот во своите 36 подрачни единици низ земјавa ќе отвори информативни штандови: киоск апарати, бар код читачи и паметни телефони преку кои ќе може на лице место да се регистрира фискалната сметка.
Проектот има за цел и да ги подобри условите за водење бизнис и да ги намали скриените трансакции.
#МојДДВ #штедиикогатрошиш #МојДанокМојаЗаштеда