Известување за градежни зафати на улица Илинденска
Ве известуваме дека на ден 24.07.2019 и 25.07.2019 година се предвидени градежни зафати на одводна атмосверска коловозна решетка на улица "Илинденска" во Велес, како и зафати на железничката пруга – железнички премин кај “Нов Мост“.
Предвидените градежни зафати на одводната атмосверска коловозна решетка ќе се изведуваат во периодот од 07:00 до 22:00 часот, за што ќе биде применет времен режим на сообраќај во тек на изведување на активностите, со наизменично пропуштање на возилата од спротивната насока.
Истиот ден, на 24.07.2019 година, стартуваат предвидените зафати на железничката пруга – железнички премин кај “Нов Мост“. Во тек на изведување на активностите ќе започне примена на нов режим на сообраќај со целосно затворање на потегот од крстосница спој на улица Илинденска со улица Димитар Влахов до спој на Илинденска со кружната крстосница во центарот на градот.
Времениот режим на сообраќај за предвидените зафати на железничкиот премин и на атмосверската решетка ќе се применува во период од 22:00 часот - среда и истиот ќе заврши на ден 25.07.2019 година - четврток во 05:00 часот наутро, кога повторно ќе се воспостави редовен режим на одвивање на сообраќајот.
Поради тоа апелираме за внимателно возење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.