Патрола за превенција од детско престапништво
Изминатиот викенд, претставници на Локалниот совет за превенција од детско престапништво и МВР реализираа превентивна патрола на повеќе локациии во градот како и низ велешките кафулиња. Патролата беше реализирана на 20 јули, во 23:00 часот. Целта на патролата беше да утврди колку се почитуваат законите и дали малолетниците во ноќните часови се присутни во кафулињата и угостителските објекти во Велес и околу стамбените објекти.
На неколку локации во градот: паркот во ООУ „Васил Главинов“, фонтана „Авона“, фудбалското игралиште во населбата „Тунел“ зачестено е присуство на малолетни лица во доцните вечерни часови карактеризирано со правење врева, бучава, возење на мотори и недолично однесување. На затекнатите малолетни лица им беше кажано дека патролите се од превентивен карактер и дека не смеат да го нарушуваат јавниот ред и мир, а во спротивно ќе се повикуваат и нивните родители. При извршените теренски активности не беа затекнати малолетни лица кои конзумираат алкохол во кафулињата. Исто така не беше констатирано нарушување на јавниот ред и мир од страна на малолетни лица.