Стартуваа градежните зафати во центарот на Велес

Стартуваа градежните зафати во центарот на Велес Општина Велес денеска започна со предвидените градежни зафати на одводната атмосферска коловозна решетка на улица „Илинденска", како и на железничката пруга, поточно на железничкиот премин кај мостот „Гемиџии“ („Нов мост“).

Предвидените градежни зафати ќе се изведуваат денес во периодот во периодот од 07:00 до 22:00 часот. Во текот на градежните работи ќе биде применет времен режим на сообраќај, со наизменично пропуштање на возилата од спротивната насока.

На железничкиот премин кај мостот „Гемиџии“ („Нов мост“) ќе започне примена на нов режим на сообраќај со целосно затворање на потегот од крстосницата на спојот на улицата „Илинденска” со улицата „Димитар Влахов”, до спојот на „Илинденска” со кружната крстосница во центарот на градот.

Овие зафати ќе се изведуваат вечерва од 22:00 часот, а ќе завршат во четврток, во 05:00 часот наутро, кога повторно ќе се воспостави редовен режим на одвивање на сообраќајот.

Општина Велес апелира до граѓаните за внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.