Зелено светло за основање на ново училиште во Велес
Општина Велес доби позитивно мислење од Владата за основање на ново Општинско основно училиште „Панко Брашнар“. Мислењето е дадено на 141 седница на Владата, на барање на Министерството за образование и наука.
Ова на прес конференција денеска го соопшти градоначалникот Аце Коцевски. „Веќе на наредната седница на советот што ќе се одржи на 30 јули годинава, треба да биде донесена одлука за основање на новото општинско основно училиште „Панко Брашнар“. Според законската процедура, по преземањето на вработените во новиот правен субјект ќе се спроведе постапка за згаснување на постоечките правни субјекти, општинските основни училишта „Благој Кирков“ и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Рече Коцевски.