Се подобруваат условите за настава
Градоначалникот Аце Коцевски денеска ја информираше јавноста за тековните проекти и активности за подобрување на условите за настава во училиштата.
Во моментов се работи на реконструкција на подни облоги и замена на внатрешни врати во Подрачното училиште во село Бузалково и преградување на една училница во Подрачното училиште во населбата „Превалец“ со кој ќе се обезбеди изведување на настава во една смена. Во училиштето во населбата „Превалец“ ќе се изврши и адаптација на котелот за топловодно греење од дрва на пелети. До почетокот на учебната година се предвидува да се изврши реконструкција на партерите пред училишните згради на Гимназијата „ Кочо Рацин“ и средното стручно училиште „Јовче Тесличков“.
Коцевски ја извести јавноста дека општината преку проектот за подобрување на општинските услуги од Меѓународата банка за обнова и развој добила грант од над 3.090.454 денари за реконструкција на азбестно-цементниот кров на училиштето Јовче Тесличков“. „ Вкупната вредност на проектот е 6.505.454 денари. Учеството на Општина Велес изнесува 3.090.454 денари. Со овој проект ќе се реконструира целата површина на кровот од 1184м2 . Тој нагласи дека денеска го потпишал Меморандумот за соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование-Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Со грантот во висина од околу 1.500.000 денари, средствата од Општина Велес во висина од 600.000 денари и средствата од ООУ „Блаже Конески“ во висина од 30.000 денари ќе се реновираат санитарните јазли во училиштето. Како што рече Коцевски, во ова училиште се работи и на реконструкција на тополоводниот систем. До крајот на месецов треба да биде распишан тендерот и за овој проект.